Боки 13 оди во домашен притвор

од Берта Китинска
374 прегледи

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката притвор и му определи мерка куќен притвор на Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“.

„ Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува.

Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор“ соопшти Кривичниот суд.

Слични содржини