Боки 13: Со Русковска имавме разговар во четири очи во мојата канцеларија

од Берта Китинска

Прво осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште во судот, изајви дека има снимки на својот телефон кој не се достапни на Судот поради тоа што не е вештачен. Во нив е снимен и разговор со главниот и одговорен уредник Ацо Кабранов за овој случај.

Боки 13, објасни пред судот дека во телевизијата 1ТВ лично договарал гости во емисиите.И во една прилика гостинка му била и обвинителката Вилма Русковска, која е застапник на обвинението против него.

“Со Вилма Русковска покрај договорите за емисијата имавме и разговар во четири очи. Сме пиеле кафе, алкохол“, изјави Јовановски.

Слични содржини