Болни од ковид сѐ повеќе: За еден ден во Скопје примени 79 нови заболени

од Берта Китинска
327 прегледи

Од министерството за здравство соопштија дека има слободни 270 болнички кревети, а од нив во Скопје се 60.

Бројката на хоспитализирани во ковид-центрите во државата достигна рекордни 1.427 лица, од кои во Скопје се 592, а во другите градови 835.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Од нив 24 приеми биле на Интерните и хируршки клиники, 16 во ГОБ 8 Септември, 7 на Инфективната клиника, 20 во болницата во Козле, а на Клиниката за детски болести биле примени 6 деца. Дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 276 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, на Клиниката за инфективни болести 133 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 лица, на Клиниката за детски болести има 21 пациент, а на ГАК 7 пациентки.

Во болниците низ државата се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот од кои најмногу се во прилеп-120, а потоа во Куманово-116. Во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти со ковид-19, во Штип се хоспитализирани 60 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, а во Велес се лекуваат 71 пациент.

Во ковид-центарот во Охрид има 94 пациенти, во ковид-центарот во Гостивар 38, во Струга 12, во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Слични содржини