Болните од Ковид и изолираните ќе добиваат цела плата

од Берта Китинска
356 прегледи

Отсуството од работа на заразените лица со ковид-19 и на оние кои добиле решенија за изолација, ќе им биде платено боледување на иста сума колку што изнесува основицата на нивната плата.

Ваква одлука донесе Владата на денешната седница и им препорача на организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, на Градот Скопје и општините во Градот Скопје да постапат идентично.

„На седницата беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од КОВИД-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, врз основа на која беше донесен заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од КОВИД-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од КОВИД-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради КОВИД-19 да изнесува 100% од основицата за надоместок на плата”, соопштија од Владата.

Слични содржини