Болницата „Шарите“: Навални сеуште е на апарати за дишење, симптомите на труење опаѓаат

од Nikola Popovski
144 прегледи

Германската болница „Шарите“, каде се лекува рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални, објави дека тој се уште е на реанимација, на апарати за дишење, а дека симптомите на труење сè уште се намалуваат.

Лекарите веруваат дека неговото лекување ќе потрае и не исклучуваат долгорочни последици по неговото здравје.

Претходно денес, германската влада објави дека воените токсиколози утврдиле дека рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални е отруен со супстанца од групата „новичок“.

На иницијатива на болницата „Шарите“, специјализираната лабораторија на Бундесверот спровела токсиколошки анализи користејќи примероци добиени од Алексеј Навални.

На тој начин биле обезбедени недвосмислени докази за присуство на отровен хемиски нервен агенс од групата „новичок“, изјави портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт.

Тој посочил дека германската канцеларка Ангела Меркел денес одржала состанок со министрите и дека биле договорени следните чекори во поглед на новите податоци.

Слични содржини