Бројот на заразени со ковид 19 се намалува секојдневно.Денеска се регистрирани нови 20 слуачи. Според податоците на министерството за здравство регистрирани се 425 активен случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови.Во моментов ниту едно заболено лице со ковид 19 нема во: Берово, Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија ,Пехчево и Дојран
Министерот за здравство, Венко Филипче, навести дека е можно укинување на полицискиот час.
„Во однос на тоа што ќе се случува во месеците пред нас, ќе дискутираме на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник. Ќе зборуваме за полицискиот час. Веројатно ако вака продолжат трендовите на опаѓање, а според нашите анализи нема никакви најави за факторот за преносливост да се смени, тогаш полицискиот час би требало да се укине. Во летните месеци со одредени протокол да се одвиваат сите оние настани и концерти, за постепено животот да се враќа во нормала. Нема ризик за организирање на такво нешто“, информира Филипче во „Само вистина“.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирани 2 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Двајцата биле примени во ГОБ 8 Септември, каде во моментов има 15 болни.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците низ целата држава е 109, а од нив 43 се хоспитализирани во Скопје.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.