Болсонаро пуштен од болница на Флорида

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница во близина на Орландо, Флорида, каде што беше примен во понеделникот поради проблеми со стомакот, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван извор близок до неговото семејство.

Болсонаро, кој замина за Флорида 48 часа пред крајот на мандатот, беше примен во болница еден ден откако стотици негови поддржувачи упаднаа во бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата во Бразилија.

На Болсонаро му била укажана медицинска помош за болки во цревата, кои се поврзани со напад со нож врз него во 2018 година, за време на изборната кампања, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини