Болтон го повика Трамп да го признае поразот: „Каде се доказите за изборна измама“? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон ги повика републиканците да ги отфрлат неоснованите тврдења на претседателот Доналд Трамп за масовна измама на гласачите и да ја признаат победата на новоизбраниот претседател – Џо Бајден.

Болтон смета дека Доналд Трамп треба да го признае поразот на претседателските избори на 3 ноември.

„Сметам дека е многу важно републиканските лидери да им објаснат на нашите гласачи – кои не се толку глупави како што сметаат демократите – дека, всушност, Трамп ги загуби изборите и дека неговите тврдења за изборни измами се неосновани“, рече Болтон како гостин на „ABC“.

Болтон смета дека обидот на Трамп да докаже кражба на изборите е губење време.

„Каде се доказите? Мислам дека како одминуваат деновите, сигурно е дека нема да има такви докази“, рече Болтон.

Адвокатскиот тим на Трамп поднесе неколку тужби за наводна измама и неправилности во пребројувањето на гласовите.

Денес, за прв пат, американскиот претседател јавно призна дека победил неговиот демократски противник, Џо Бајден, но тој оцени дека тоа му успеало, затоа што изборите биле наместени и затоа што тој ја имал наклоноста од лажните медиуми.

Илјадници приврзаници на Трамп се собраа во Вашингтон во знак на протест против, како што велат, „изборната кражба“ на претседателските избори.

Во судирот меѓу приврзаниците и противниците на Трамп беа уапсени 20 лица, а едно лице беше прободено со нож во борба меѓу две големи групи.

Слични содржини