Нестабилниот Балкан не е во ничиј интерес и сега Балканот треба да има повисок приоритет отколку што беше случајот за време на првиот мандат на Доналд Трамп, изјави Џон Болтон, поранешен советник на Доналд Трамп за национална безбедност.
„Во вашиот регион имате многу важни надворешни фактори кои се мешаат во внатрешните работи на државата. Ризикот од понатамошна нестабилност е голем, за што придонесува и војната во Украина. Акциите на администрацијата на Трамп не се гаранција за успех, особено што Европската Унија досега беше целосно неуспешна. Она што треба да се потврди е дека нестабилен Балкан не е во ничиј интерес“, изјави Болтон.
Тој посочи дека лидерите на европските земји се нови личности, различни од претходните, како и дека во Европа има бројни предизвици, меѓу кои се изборите во Романија, изборите во Германија кои ќе следат и како што Болтон истакнува: „и Макрон е во неволја“.