БОЛТОН ОТКРИВА ПИКАНТЕРИИ: Кој светски лидер го врти Трамп околу малиот прст, а не е Путин? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека британскиот премиер Борис Џонсон го „врти околу малиот прст“, неговиот поранешен шеф.

Исто така, Болтон истакна дека односите меѓу Америка и Велика Британија се сменија кога Џонсон ја заменил Тереза ​​Меј во јули минатата година. Болтон го познава Џонсон уште од времето кога беше британски секретар за надворешни работи.

Извадоци од новата книга на Болтон „Собата во која се случи: Мемоари од Белата куќа“ неодамна се појавија во бројни американски медиуми, во кои тој упати шокантни тврдења за Трамп, со посебен осврт за неговиот однос со светските лидери.

Иако во книгата не зборуваше за Џонсон, Болтон во телевизиско интервју рече дека добрите односи меѓу двајцата лидери биле позитивни за Велика Британија, затоа што „Трамп не може да ги разликува личните односи со колегата и реалната состојба во националните односи на двете држави“.

Треба да се потсети дека Болтон во својата книга детално ги опиша односите на Трамп со бројните светски лидери, а најголема бура беше предизвика забелешката дека рускиот претседател Владимир Путин манипулира со Трамп.

„Путин мисли дека лесно може да манипулира со Трамп. Путин е паметен и силен, тој вешто излегува од незгодни ситуации. Тој гледа дека тука не се соочува со сериозен противник. Мислам дека не е загрижен за Трамп“, рече Болтон.

Слични содржини