Бомба на Си-Ен-Ен за коронавирусот во Кина: Документи што откриваат сè

од Nikola Popovski

Си-Ен-Ен објави текст со бомбастични заклучоци за тоа како се криела корона-кризата во Кина уште од самиот почеток на пандемијата.

Документите што протекоа од кинеската провинција Хубеи покажуваат дека Кина покажала помал број на инфекции со коронавируси, дека биле потребни неколку недели за да се дијагностицираат нови случаи и дека не ја информирала јавноста за шпицот на сезоната на грип во Хубеи во декември минатата година, што се совпаѓа со времето, за кога се сомнева дека првите случаи на коронавирус навистина се појавиле во Кина, пишува „Си-Ен-Ен“.

Во извештајот со етикета „интерен документ, доверливо“, локалните здравствени власти во провинцијата Хубеи, каде првпат бил откриен вирусот, на 10 февруари навеле вкупно 5.918 новооткриени случаи, што е двојно повеќе од официјалниот јавен број на потврдени случаи, пренесува „Индекс.хр“.

Таа поголема бројка не била објавена во тоа време, а се чини дека Кина ги претставила податоците на начин што ја намалува сериозноста на епидемијата.

Претходно непозната бројка е во серија откритија на 117 страници протечени документи од Центарот за контрола и превенција на болести Хубеи, кои тој ги поседува и чија автентичност е потврдена од Си-Ен-Ен.

Кина решително ги отфрли обвинувањата на САД и другите западни влади дека намерно ги задржала информациите за вирусот, тврдејќи дека е искрен со светот уште од избивањето. Сепак, иако документите не даваат докази за намерен обид да се сокријат наодите, тие откриваат голем број недоследности во она за што властите биле свесни и што било откриено во јавноста.

Документите, кои го опфаќаат нецелосниот период меѓу октомври 2019 и април годинава, укажуваат на нефлексибилен здравствен систем ограничен од бирократијата од горе кон долу и постапки кои не биле подготвени за решавање на кризата која избила. Во неколку критични документи во раната фаза на пандемијата, документите даваат јасни докази и укажуваат на шема на институционални пропусти, пишува Си-ен-ен.

Иако властите во Хубеи на јавноста ѝ го претставуваа своето постапување со почетното избивање на болеста како ефикасно и транспарентно, документите покажуваат дека локалните здравствени службеници се потпирале на неисправни механизми на тестирање и известување за новите случаи.

Извештајот од документите од почетокот на март покажува дека просечното време меѓу појавата на симптомите до потврдената дијагноза било 23,3 дена.

Експерти за Си-ен-ен кажале дека тоа значително го отежнало и следењето на болеста, како и борбата против неа.

Здравствени експерти утврдиле дека документите јасно покажуваат што сè знаела Кина за епидемијата на вирусот во првите месеци.

„Јасно е дека згрешиле, и не станува збор само за грешки кои се случуваат кога ќе се соочите со нов вирус – туку бирократски и политички мотивирани грешки во начинот на кој се постапувало со епидемијата“, вели Јанжонг Хуанг, постар соработник за глобалното здравство во Советот за надворешни односи, кој опширно пишувал за јавното здравство во Кина.

„Тоа имало глобални последици“, додава тој.

Документите на Си-ен-ен му ги дал свиркач кој побарал да остане анонимен.

Тој кажал дека работи во кинескиот здравствен систем и дека е мотивиран да ја разоткрие вистината која била цензурирана и да им оддаде почит на колегите кои исто така прозбореле.

Документите ги провериле шест независни експерти кои во име на Си-ен-ен ја провериле вистинитоста на содржината.

Документите покажуваат широк распон на податоци за два одредени дена, 10 февруари и 7 март, кои се значително спротивни од она што Кина тогаш јавно го кажуваше.

На 10 февруари, кога Кина извести за 2.478 нови потврдени случаи низ земјата, документите покажуваат дека во Хубеи всушност циркулирале вкупно 5.918 новопријавени случаи. Интерниот број е поделен во категории и пружа увид во целосниот обем на методологијата на дијагнозата во тоа време.

„Потврдени случаи“ според тој извештај има 2.345, „клинички дијагностицирани случаи“ 1.772 и „сомнителни случаи“ 1.796.

Од сето ова може да се заклучи дека светот од Кина добивал пооптимистични податоци од реалните.

loading...

Слични содржини