Бомба: По Роналдо, Саудијците го сакаат и Меси, фрлија неверојатна сума на маса!

од Radmila Tasevska
216 прегледи

Веста дека Кристијано Роналдо ќе заработува 200 милиони евра годишно во Саудиска Ал Наср остави многумина во неверување, иако сите сме свесни дека бројките во денешниот фудбал вртоглаво пораснаа.

Роналдо замина да живее во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, каде се очекува да го подигне квалитетот не само на неговиот клуб, туку и на целата лига, откако неговото доаѓање веќе го зголеми интересот за саудиската лига.

Во меѓувреме, додека се чекаше дебито на Роналдо за Ал Наср, шпанскиот Ел Мундо Депортиво ја објави сензационалната вест: Градскиот ривал на Ал Наср, Ал Хилал сака да го доведе Лионел Меси и му нуди 350 милиони долари по сезона!

„Целта на саудиската држава е да се отвори кон светот, да го зголеми туризмот, а тоа се обидуваат да го направат преку спортот. Во оваа смисла, нивната главна цел е да бидат домаќини на Мундијалот во 2030 година заедно со Египет и Грција“, истакнуваат Шпанците.

Значајно пристигнување на печатот

Затоа не е ни чудо што единствениот спонзор кој присуствуваше на прес-конференцијата на која беше претставен Роналдо беше претставник на локалниот туристички одбор „Visit Saudi“.

Во арапскиот свет, саудиската лига беше најследена и пред доаѓањето на Роналдо, а доколку сепак успеат да го привлечат Меси, би станале една од најинтересните во светот. Во исто време, Ал Хилал и Ал Наср се градски ривали, па Саудијците би имале свое „Ел Класико“ во истиот град.

Тие сакаат обновување на ривалството што би го следел целиот свет, нивната намера е сите очи да бидат насочени кон Саудиска Арабија.

Познато е дека парите не се проблем за Саудијците, но во случај Меси да се согласи да дојде, Ал Хилал не би можел сето тоа сам да го финансира, па според Ел Мундо, државата би им помогнала.

Меси наскоро доаѓа во Саудиска Арабија

Следната недела Меси ќе пристигне во Ријад, со ПСЖ, ќе одигра пријателски натпревар против Ал Наср на Роналдо, а се претпоставува дека тогаш Саудијците ќе почнат со преговори.

Инаку, врската на Меси со Саудиска Арабија не е тајна. Аргентинскиот гениј моментално е саудиски туристички амбасадор, тој првпат беше виден како ги извршува своите должности во Џеда во мај 2022 година.

Доколку се реализира тој бомбастичен трансфер, повторно ќе имаме можност да гледаме двајца фантастични фудбалери во иста лига. Сите ќе бидат задоволни, освен еден маж. Некако се сомневаме дека егото на Кристијано Роналдо лесно ќе се помири со фактот дека Меси ќе заработува речиси двојно.

Слични содржини