„Во Франција и ЕУ има голем знак на солидарност кон овој регион од светот и мислам дека никој не дал повеќе, и затоа ќе кажам дека дури и денес комисијата со земјите членки се договорија за пакет 710 милиони евра наменети за земјите од Западен Балкан за да им помогнат. Најбрзо што може да ги добијат вакцините и сето она што значи условеност за да се добијат вакцините“, изјавил францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Според него, ЕУ ќе ги плати вакцините против Ковид-19 за ризичните категории во Северна Македонија и другите држави од Западен Балкан.
„Станува збор за пакет од 70 милиони евра којшто го одобри Европската комисија за да им помогне во финансирањето на набавките на вакцините против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан“, истакна амбасадорот.