Фронтменот на U2 Боно откри дека бил на влакно од смртта, додека го пишувал новиот албум на бендот Songs Of Experience.

И покрај откровението, 57-годишниот музичар не ги дава деталите од искуството. Ирскиот пејач има историја на рак во 2000 година, тешка несреќа со велосипед – пет години подоцна, а во 2010 година влезе во болница за итна операција на грбот.

После тоа, тој се опорави и бендот ја направи една од најуспешните турнеи. До денес, Боно вели дека додека го снимал новиот албум, ја чувствувал смртта – чувство кое може да биде физичко или психолошко.
Целосното интервју со Боно е во јануариското издание на списанието “Ролинг Стоун”, кое е на насловната страница
Изведувачот отишол на лекар,и се покажало дека работите не биле само во главата, туку дека имал сериозни физиолошки причини поради страв од смрт.
Боно вели дека е среќен до денес, но намерно не открива повеќе детали, бидејќи самиот си ја спасува сапунската опера која ќе се игра.
Тој на шега ги споредува настаните во неговиот личен живот со “политичката апокалипса што се случува во Европа и Америка”.