Српскиот рокер, Бора Чорба, реагираше на написите дека има рак, и кажа дека „Рибја Чорба“ подготвува голема турнеја, односно ниту еден настап не е откажан.
Написот дека боледува од рак на простата и наскоро заминува на лечење, се појави во списанието „Свет“ и за кратко време беше пренесен како информација ширум Балканот.
„Бора пред некое време дозна дека е болен и единствено решение е операција“- меѓу другото беше наведено во изјавата од неименуван извор.
Фронтменот на групата „Рибја Чорба“ со кратко соопштение реагираше за ова и за други наводи во текстот:
„Рибја Чорба не откажа ниту ќе откаже ниеден настап. Напротив веќе на 7ми декември сме во Минхен, а во подготовка е голема турнеја. Закажани се датуми и за американскиот дел. Веста за откажување на концертите е злонамерна со тенденција да ни ги обезвредни прекрасниот албум „Да тебе није“, внесе несигурност кај нашите обожаватели и да ги обесхрабри организаторите. Исто така злонамерно е напишано дека бараме некакви пари. Им благодарам на сите кои понудија парична помош, но пари не ни се потребни. Сите во бендот сме здравствено осигурани.“ На крајот Бора истакнува:
„Не сум тешко болен, што се виде по успешната турнеја низ 25 градови, а особено по последните два – 13ти септември воЉубљана и 5ти октомври во Виена. Свириме и пееме подобро од било кога. Верувам дека ваквите дезинформации се обид за саботажа од некои лоши луѓе“.
Во име на „Рибја Чорба“ Бора Ѓорѓевиќ.