Бора подготвен за Скопје: „Секако дека сè е во ред, ние сме како ловџиски пушки“

од Vladimir Zorba

„Луѓе, стои на тарабата пишува … па се залетуваш и се кршиш“, вели во видео-обраќање фронтемнот на „Рибља Чорба“ – Бора Ѓорѓевиќ, кој реагираше на вестите дека бил однесен во Ургентен центар во Белград вчера во доцните вечерни часови.

„Секако дека сè е во ред, ние сме како ловџиски пушки и едвај чекаме да дојдеме кај вас и да свириме“, додаде тој и ја искористи можноста да најави нови концерти.

„Подготвени сме, вежбавме, звучиме одлично, се гледаме, Бора ве сака“, заклучи тој.

Слични содржини