Боранија со пилешко

од desk2
4,6K прегледи

Еве еден вкусен начин како да подготвите боранија.

СОСТОЈКИ:
2 пилешки батаци со карабатаци
2 главици кромид
500 гр боранија
200 мл млеко
1 домат
1 лажица масло
2 јајца
магдонос
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Отстранете ја кожата и одвојте ги коските од месото, па исечкајте го на помали парчиња. Посолете го месото и пропржете го на загреано масло. Кога ќе порумени, додајте ситно сечкан кромид и боранија, па динстајте неколку минути. Додајте домати исечкани на коцки, зачинете по вкус и продолжете со динстање со повремено доливање вода.

Слични содржини