Борба против корона во ОАЕ: Во Дубаи воведен полициски час од 24 часа кој ќе трае две недели

од Aleksandar Petrovski

Полицискиот час во Дубаи е продолжен на 24 часа и тоа за период од две недели, бидејќи градот ја продолжува својата програма за санитација заради ширење на коронавирус, се вели во соопштението на Врховниот одбор за кризи и катастрофи во саботата.

Почетокот на овој полициски час беше во 20.00 часот во саботата.

На граѓаните ќе им биде дозволено само да одат на шопинг за најосновната храна, како што е купување храна. Само еден член на семејството ќе може да ја напушти куќата. Комитетот додаде дека ќе бидат преземени правни мерки против оние што ја прекршуваат оваа одлука.

Управата за патишта и транспорт на Дубаи објави дека услугите во јавниот превоз ќе бидат бесплатни за лица на кои им е дозволено да ги напуштат своите домови. Супермаркетите, продавниците, аптеките и испораката на храна и лекови исто така ќе работат нормално во текот на денот.

Ќе се спроведе опсежно медицинско тестирање во густо населените области на емиратот за да се осигура дека заедницата не е погодена од Ковид-19.

Во Абу Даби, полицискиот час поради коронавирусот продолжува од осум во вечерните часови до шест часот наутро. Полицискиот час во Обединетите Арапски Емирати беше воведен на 26 март.

Според податоците од веб-страницата на worldometer, досега се пријавени 1.799 случаи на вирус корона во Обединетите Арапски Емирати и починале 10 лица.

Слични содржини