126
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска оцени дека доколку Белорусија го прифати руското нуклеарно оружје, тоа би значело неодговорна ескалација и закана за европската безбедност.
„Белорусија сè уште може да го запре тоа, тоа е нивен избор“, напиша тој на Твитер.
Според Борел, ЕУ е подготвена да одговори со нови санкции.