161
Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел вели дека Европската унија нема да се смета за геополитичка сила освен ако не го стабилизира Балканот и не ги реши односите меѓу Србија и Косово.
„Никој друг нема да го стори тоа, само Европејците“, рече Борел во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Говорејќи за надворешната политика на ЕУ и развојот на настаните во соседството, Борел оцени дека Балканот е „буре барут“ и дека ЕУ се соочува со најголемата задача – решавање на несогласувања и подобрување на безбедноста во регионот.