Борел: Блискиот Исток може да заврши во пламен

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Меѓународната заедница мора да наметне решение за конфликтот меѓу Израел и Хамас бидејќи двете страни не можат да се договорат, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел.

„Верувам дека во овие 30 години научивме дека решението мора да се наметне однадвор бидејќи двете страни никогаш нема да можат да постигнат договор“, изјави Борел во Лисабон.

Тој исто така предупреди дека „ако оваа трагедија не заврши наскоро, Блискиот Исток може да заврши во пламен“.

Преговорите досега доведоа само до привремени прекини на огнот, а сега се стравува дека конфликтот би можел да ескалира по убиството на високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, објави Sky News.

Слични содржини