222
„Одбраната на Украина од руската инвазија значи отфрлање на законот за џунглата. Во овој случај, да се биде неутрален е погрешна и неправилна позиција“, напиша шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на својот блог.
Тој додаде дека ставањето на двете страни во конфликтот на рамноправна основа значи дека не се прави разлика помеѓу напаѓачот и нападнатиот.
„Таквата неутралност може да има различни мотиви, но во пракса значи поддршка за Русија и нејзината агресивна војна“, рече Борел.
Тој додаде дека, спротивно на очекувањата на Путин, оваа војна ќе биде одлучувачки момент за зајакнување на Украина како суверена нација и за реафирмација на нејзиниот идентитет различен од оној на Русија.