155
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, денеска изјави дека дипломатијата победила во деескалацијата на тензиите на северот на Косово.
„Дипломатијата победи во деескалацијата на северот на Косово. Насилството никогаш не може да биде решение“, напиша Борел на Твитер.
Тој додаде дека го поздравува одговорното раководство на претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Албин Курти.