206
Европската унија ги исцрпи резервите на оружје и нема волшебно стапче за да ја снабди Украина со повеќе гранати, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
„Ви треба повеќе, а ние треба да дадеме повеќе, но јас не сум волшебник. Немам волшебно стапче. Можностите на одбранбената индустрија на Европската унија се многу слаби“, рече Борел.
Според него, Киев ја добил муницијата што се наоѓала во магацините на армиите на земјите од блокот, а резервите на оружје во земјите на ЕУ се исцрпени.