Борел: ЕУ го осудува насилството во Звечан

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека ЕУ најостро го осудува „шокантно насилство“ во Звечан.

„Насилните дејствија врз членовите на КФОР, медиумите, цивилите и полицијата се апсолутно неприфатливи“, напиша Борел на Твитер.

Тој додаде дека ЕУ ги повикува косовските власти и демонстрантите веднаш и безусловно да ја смират ситуацијата.

Борел изрази очекување „страните да се однесуваат одговорно и веднаш преку дијалог да најдат политичко решение“.

Слични содржини