Борел: Европа се соочува со две војни и многу тензии кои лесно можат да прераснат во глобален конфликт

од Milan1
479 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Европа се соочува со две „брутални војни“ во близина на нејзините граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола.

Борел, говорејќи на крајот од Форумот за безбедност и одбрана во Брисел, предупреди дека некои од овие кризи би можеле да ескалираат во голема глобална конфронтација „во време кога светот стана мултиполарен и мултилатералниот систем кој треба да го одржува мирот е длабоко ослабен“.

„Ние Европејците се соочуваме со две брутални војни во близина на нашите граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола во Либија, во Сахел, на Западен Балкан, во Кавказ, во Судан, на рогот на Африка, на границите Демократска Република Конго, во Заливот, во Јужното Кинеско Море, во Јужна Азија, и бандите и наркокартелите во Латинска Америка и Централна Америка“, рече Борел.

Слични содржини