Борел: Гласачите поради страв би можеле да ги поддржат десничарите во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии, пренесува „Танјуг“.

„Се плашам од стравот, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт“, изјави Борел.

Тој разговараше за моменталната состојба на проектот на ЕУ на крајот на годината помеѓу две војни, едната во Украина, а другата во Појасот Газа.

На предавањето одржано на самитот организиран од магазинот Le Grand Continent, Борел истакнал дека двата конфликти ја загрозуваат иднината на блокот, а во случајот со Украина, тој стравува од пораз доколку не дојде до брза промена на курсот.

Додаде дека не гледа знаци дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да запре, па дури и да се задоволи со договор кој ќе ѝ овозможи на Москва да го задржи источниот дел на Украина.

Слични содржини