Борел: Изготвен конечниот текст за спас на нуклеарниот договор

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, синоќа изјави дека конечниот текст е подготвен откако во Виена завршија индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон за спас на нуклеарниот договор од 2015 година.

„Она за што може да се преговара е испреговарано и сега е во финалниот текст. Сепак, зад секое техничко прашање и секој параграф се крие политичка одлука што треба да се донесе во главните градови“, напиша Борел на Твитер, пренесе „Ројтерс“.

САД го напуштија договорот за иранската нуклеарна програма во 2018 година, но учествуваа во преговорите за повторно активирање на документот.

Слични содржини