Борел ја повика Русија веднаш да го ослободи Навални

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска ги повика руските власти веднаш да го ослободат опозицискиот политичар Алексеј Навални.

„Европската унија повикува на негово итно и безусловно ослободување“, напиша Борел на Твитер.

Тој изјави дека новата пресуда против Навални е „политички мотивирана“.

„Тоа ја покажува континуираната инструментализација на рускиот правен систем“, напиша Борел.

Судот во Русија денеска го осуди Навални на 19 години затвор под обвинение за екстремизам.

Тој беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистички организации и активности.

Навални веќе отслужува деветгодишна затворска казна за кршење на условната казна, измама и непочитување на судот.

Опозицискиот политичар ги негира сите обвинувања.

Слични содржини