Портпаролот на Европската комисија на својот Твитер профил го објави целосниот текст од одговорот на Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, на писмото на премиерот на Косово, Албин Курти, до кого тој недвосмислено изјави дека отсуството на деескалација ќе резултира со негативни последици за што се информирани сите земји-членки.ЕУ.
Борел наведува дека Курти во своето писмо не се занимава со клучните елементи кои биле поттик за избувнување на актуелната криза, елементи кои би требало да се решат за да се врати мирот на северот на Косово.
Тој го потсети Курти дека се очекува да ги спроведе елементите за деескалација договорени со договорот на 27 земји-членки на ЕУ и САД, наведувајќи дека првиот чекор во таа насока е четворица градоначалници во општините на северот на Косово привремено да ги извршуваат своите задолженија надвор од општинските згради.