Борел: Лавров агресивно ги отфрли барањата за повлекување на руските војници од Украина

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека рускиот министер за надворешни работи „агресивно одговорил“ на повиците за време на регионалниот форум на АСЕАН Москва да ги повлече своите војници од Украина.

Борел им изјави на новинарите на маргините на форумот во Џакарта, Индонезија, дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров барањето за повлекување го нарекол дел од заговорот на Западот, пренесува „Ројтерс“.

Министрите на Русија и на САД, Лавров и Ентони Блинкен се во Џакарта, но се чини дека нема да има можност за нивен состанок во четири очи поради, како што јави ТАСС, „насобраните разлики во мислењата“ и нивните различни програми за престојот.

Слични содржини