Борел: Многу е загрижувачка истрагата за наводна корупција во Европскиот парламент

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека истрагата што Белгија ја води за наводна корупција во Европскиот парламент е „многу загрижувачка“.

„Секако, вестите се многу загрижувачки. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент“, изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.

Белгиското правосудство изврши неколку претреси во петокот како дел од истрагата отворена кон средината на јули оваа година за наводна криминална организација која се инфилтрирала во срцето на Европскиот парламент и е осомничена за мешање во политиката на синдикатот и корупција преку Катар.

Слични содржини