Борел: Москва нема да дозволи Минск да го блокира гасот за Европа

од Nikola Popovski
403 прегледи

Русија нема да му дозволи на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко да ги реализира заканите за блокирање на испораките на гас преку Белорусија за Европа, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел.

„Лукашенко стави 35.000 луѓе во затвор. Кога би можел да ја блокира испораката на гас во Европа, би го направил тоа, но Русите не му дозволуваат, бидејќи тие продаваат гас“, изјави Борељ во интервју за „Франс 24“.

Шефот на европската дипломатија најави дека го дели мислењето на Москва за потребата од директни контакти меѓу ЕУ и Минск во врска со ситуацијата на белоруско-полската граница. Разговорот никогаш не боли, оценува Борељ во интервју за францускиот весник „Журнал ду диманш“.

Истовремено, тој потврди дека за нови санкции против Белорусија ќе се разговара на 15 ноември на седницата на Советот на министри за надворешни работи на земјите од ЕУ. Според него, се чини дека овие мерки „би можеле да се применат за сите оние кои се вклучени во движењето на мигрантите во оваа земја – на пример, за авиокомпании или туристички агенции со забрана за патување на нивните шефови и замрзнување на нивните средства во Европа“.

Слични содржини