361
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, остро му одговори на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој неодамна изјави дека Москва е трагедија, а ЕУ е лоша пародија на СССР.
„Никој не ја принудува Унгарија да биде членка на Европската унија“, рече Борел, додавајќи дека на Унгарија ѝ е позната окупацијата од времето кога беше окупирана од Советскиот Сојуз.
„Да бидам искрен, не гледам никаква сличност меѓу советската окупација на Будимпешта и она што се случува во седиштето на ЕУ во Брисел. Таму не видов ниту еден тенк“, рече Борел и повтори дека „никој не ја принудува Унгарија да биде во ЕУ“.