375
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, денеска изјави дека насилството на Косово мора да се осуди, додавајќи дека ќе продолжи да разговара со инволвираните страни.
„Мораме да инсистираме на тоа дека насилството не е пат по кој треба да се оди. Насилството мора да биде осудено, а извршителите на ова насилство мора да одговараат. Сите мора да се обидат да избегнат секаков вид на ескалација и некоординирани потези“, рече Борел по пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница во Кишињев.