Борел: Не е фер, не се преправаме, го сакаме Западен Балкан во ЕУ

од Nikola Popovski

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави денес дека Европската унија вложува многу пари на Западен Балкан и дека не е фер да се каже дека ЕУ само се преправа дека ги сака земјите од регионот во својот состав.

„Ние сакаме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да се приближат до нас, да се приклучат на системот на ЕУ. Не е точно дека само се преправаме дека сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ. Тие земји имаат иднина во ЕУ, но тие земји мора да ги завршат своите домашни задачи: да ги исполнат стандардите што се однесуваат на сите членки“, рече Борел како гостин на онлајн конференцијата на Американскиот атлантски сојуз.

Тој додаде дека Русија, Кина и Турција се исто така присутни на Балканот и дека тие се претставуваат како да се грижат повеќе за Западен Балкан отколку за Европската унија.

„Но, ние продолжуваме со процесот на проширување, чекор по чекор. Безвизниот режим е реалност, можеби не за сите земји од Западен Балкан. Ние го насочивме дијалогот помеѓу Белград и Приштина на вистинскиот пат. ЕУ му помага на Балканот многу повеќе од другите, но можеби не сме добри во пропагандата. Девет милијарди евра е нашиот економски план за Западен Балкан“, нагласи Борел.

Тој вели дека европскиот блок инвестира многу повеќе пари од Кина, Русија и Турција на Балканот, но дека можеби ќе треба подобро да објаснат што и зошто прават.

loading...

Слични содржини