Борел: Нема докази дека Кина ќе испрати оружје во Русија

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска по состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел изјави дека нема докази дека Кина ќе и испрати оружје на Русија.

„Немам докази дека Кина ќе испрати оружје во Русија и немам докази дека тие се подготвуваат да го сторат тоа. Не можам да предвидам што ќе се случи утре, но ниту денеска не знам, ниту пак некој ми даде таква информација“, изјави Борел на прес-конференција.

Тој додаде дека ако Кина испратила оружје во Русија, ЕУ ќе знаела за тоа.

Слични содржини