Се надевам дека Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе го одобри Спутник V за да може да се користи и во земјите на ЕУ. Тоа би било добра вест особено затоа што се соочуваме со недостиг на вакцини.
Ова го рече високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, , Жосеп Борел, за време на неговата посета на Москва.
Тој истакна дека Спутник V е добра вест за целото човештво со оглед на неговата ефикасност од 91,6 проценти.
Вакцината е тестирана на над 20 000 луѓе неодамна и се покажа како ефикасна во спречување на сериозни симптоми на болеста.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Русија одржува интензивни контакти со европските колеги кога станува збор за вакцините и дека германската канцеларка Ангела Меркел разговарала со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за соработка меѓу двете земји на тоа поле.
– Сметам дека соработката на такво поле е многу позитивна – изјави Лавров.