Борел: Партнерите од Западен Балкан – идни членки на ЕУ

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, соопшти дека одржал традиционална средба со шест партнери од Западен Балкан, кои ги нарече идни членки на ЕУ.

Борел на платформата Икс (Твитер) изјави дека на традиционалната средба со лидерите од Западен Балкан во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, разговарал за актуелните глобални предизвици, усогласувањето, заедничката работа на мултилатерални форуми и реформите.

„Подготвувајќи се за следниот бран на проширување, сакаме да ја направиме прогресивната интеграција реалност“, рече Борел.