110
На денешните разговори во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти изразија подготвеност Белград и Приштина да ги спроведат постигнатите договори, но потребни се дополнителни средби, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел, по средбата со српскиот и косовскиот лидер.
„Постигнат е напредок, но потребна е дополнителна работа за да се спроведе договореното“, изјави Борел, пренесува ФоНет.
Средбата меѓу Вучиќ и Курти со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, започна нешто пред 18 часот, околу 45 минути подоцна од планираното.
Средбата траеше цели два часа.