187
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека не се очекува Украина да ја придобие Русија во блиска иднина.
Во саботата, на Конгресот на Партијата на европските социјалисти во Малага, Борел ја истакна потребата Европската унија политички да се подготви за потенцијално намалување на американската помош за Украина, пишува Украинска Правда.
„Имаме многу проблеми кои ќе бидат тест за ЕУ. Како прво, во моментов нема изгледи за победа на Украина над Русија. А ние, Европејците, кои ги имаме потребните средства за тоа, мораме да бидеме подготвени, политички гледано, да продолжиме да и помагаме на Украина, имајќи предвид дека американската поддршка веројатно ќе опадне“, рече Борел.