Борел потврди: С. Македонија и Албанија воведоа санкции за Русија поради Навални

од Nikola Popovski
237 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјавил дека многу земји се приклучиле на санкциите на Европската унија против Русија поради апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во рамките на новиот режим на ограничување за кршење на човековите права. Меѓу нив се С. Македонија, ЦрнаГора и Албанија.

Покрај трите земји, во санкциите на ЕУ се приклучиле и Украина, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, рече тој.

„Овие земји ќе осигурат дека нивните национални политики се во согласност со одлуките на Советот. ЕУ ја забележува оваа одлука и ја поздравува“, рекол Борел во изјавата.

Европската Унија на 2 март воведе санкции во рамките на новиот глобален режим за кршење на човековите права аа четворица руски државјани поради апсењето на Алексеј Навални. По ЕУ и САД објавија воведување санкции за Русија. На списокот на санкции има 14 организации со формулација „за производство на биолошко и хемиско оружје“. Покрај тоа, санкциите на САД се насочени кон специфични лица и организации, а вклучуваат ограничувања на извозот и визите.

На крајот на март, Канада воведе санкции и против девет руски официјални лица, поради ситуацијата со Навални.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков посочи дека новите санкции на ЕУ и САД против Русија значително ги оштетуваат веќе тешките односи. Тој истакна дека Кремљ е убеден дека политиката на санкции против Русија не ја постигнува својата цел.

Слични содржини