Борел: Русија не успеа да ги раздели ЕУ и Америка

од Nikola Popovski
188 прегледи

Русија не успеа да ги раздели Европа и Америка, иако се обиде да го направи тоа со помош на состаноците одржани оваа недела за европската безбедност, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

„Русите сакаа да не разделат, но не успеаја. Тие се обидоа да го направат тоа преправајќи се дека ЕУ не постои“, рече Борел во Брест на заедничката конференција со францускиот министер за надворешни работи, кој ќе претседава со Унијата во следните шест месеци од 1 јануари.

Тој потсети дека во Вашингтон секогаш нагласувале дека нема да разговараат за Европа без учество на нејзини претставници и го поздравиле ставот на НАТО по тоа прашање.

„Дејствуваме заедно“, заклучи високиот претставник на ЕУ.

Оваа недела беа одржани билатерални разговори меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, по што следеа Советот Русија-НАТО и седницата на Постојаниот совет на ОБСЕ за барањето на Русија Западот да обезбеди безбедносни гаранции кои не постигнаа напредок, но изразија желба за продолжување на преговорите.

Западните земји стравуваат дека Москва би можела да започне нова воена офанзива против Украина.

Слични содржини