„Русија врши многу воени злосторства. Она што се случува во Мариупол е масовно воено злосторство. Русија бомбардира и ги убива сите на неселективен начин. Ова е нешто страшно“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Тој се обрати на пресот пред почетокот на состанокот на Советот за надворешни односи на ЕУ.
Борел најави дека министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за нови санкции против Русија
„Ова не е војна. Ова е масовно уништување на земјата без никакво почитување на законите на војната бидејќи војната, во правна смисла, има закони. Меѓународниот суд на правдата веќе ја осуди оваа инвазија. Морално, тие изгубија секаква основа, бидејќи она што тие го прават е целосно надвор од секој закон со кој се регулира војната“, рече Борел.