Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека пред 20 години, Северна Македонија храбро го избра мирот и најдобриот начин за надминување на разликите – дијалог.
„Пред 20 години, Северна Македонија, со поддршка на Европската унија и меѓународните посредници, храбро одлучи за компромис и одговорност“, рече тој во видео пораката на Твитер по повод 20 -годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.
Twenty years ago, North Macedonia courageously opted for compromise and responsibility. At the anniversary of the Ohrid Framework Agreement, we remember the strength of dialogue and pluralism to overcome dividing nationalism and ethnic grievances. #BeyondOhrid@MFA_MKD pic.twitter.com/sUvz3i123h
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) August 13, 2021
Додаде дека на европскиот континент национализмот и етничките несогласувања „се користеле премногу пати за да се подели и зајакне омразата“, и дека Северна Македонија избра мир и најдобар начин за надминување на разликите – дијалог.
Охридскиот договор е мировен договор потпишан меѓу македонската влада и албанските претставници во Македонија на 13 август 2001 година, со што се стави крај на конфликтот меѓу Албанската ослободителна армија и македонските безбедносни сили.