Борел сака да ја види С. Македонија како напредува кон ЕУ

од Nikola Popovski
46 прегледи

Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува во процесот на пристапување во Европската Унија, објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на мрежата „Икс“ информирајќи за негова средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон.

„Среќен сум е што се сретнав со новиот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Северна Македонија е наш силен сојузник. Добрососедските односи и регионалната соработка мора да останат приоритет за земјата. Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува во процесот на пристапување во ЕУ“, наведе Борел во објавата.

Муцунски беше дел од македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која претходните три дена учествуваше на средбата на шефови на држави или влади на членките на НАТО што се одржа во Вашингтон.

Слични содржини