Борел: Сакам решение со две држави, затоа отсега нема да зборувам за мировен процес

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави денеска, пред почетокот на состанокот на Европската унија посветен на мировниот план за Газа, дека отсега нема да зборува за мировен процес, туку дека сака решение со две држави.

„Отсега па натаму нема да зборувам за мировен процес, туку сакам процес на решение со две држави“, изјавил Борел пред новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој посочил и дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа, кој во моментов е под опсада на Израел поради конфликтот со Хамас, не може да биде полоша.

На денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, Борел ќе претстави план од 10 точки за мир меѓу Израел и Палестинците.

Во писмото до земјите-членки, тој напиша дека неговиот патоказ „ќе го разработи, со практични предлози, договорениот принцип дека само политичко, одржливо, долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт ќе донесе мир меѓу двата народа и стабилност во регионот“.

Слични содржини