Борел со Сикорски: Се договоривме за зајакнување на воената поддршка за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел објави дека се согласил со полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски дека е неопходно да се зголеми воената поддршка за Украина.

„Се договоривме во врска со потребата да ја зголемиме нашата воена поддршка за Украина, вклучително и со ракети со долг дострел и противвоздушни ракети“, наведе Борел на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека имал добар разговор со Сикорски и дека двајцата споделуваат зголемена загриженост поради зголемените воздушни напади на Русија против, како што рече, цивилната инфраструктура на Украина.

Слични содржини