Борел стравува: Ако конфликтот на Блискиот исток се разгори, може да се вклучи и Русија

од Nikola Popovski
106 прегледи

Шефот на европската дипломатија на Европската унија, Жозеп Борел, изрази страв дека доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи да се разгорува, може да му се приклучат нови играчи, како Русија, и покрај ставот објавен од Кремљ, во согласност со  кој Москва апелира до конфликтните страни на воздржаност и ги осудува страдањата на цивилите.

„Доколку иранските нуклеарни постројки бидат уништени, Иран ќе мора да реагира, да преземе акција, која може да ги вклучи, на пример, нафтените постројки во Персискиот залив. Ако продолжи вака, порано или подоцна ќе се најдеме во конфликт во кој може да учествува и Русија“, изјавил политичарот за шпанските медиуми.

Сепак, Борел посочи дека западниот свет не сака да го принуди Израел да ги прекине нападите и дека во моментов Соединетите Американски Држави, како и некои европски земји, не се подготвени да преземат какви било мерки за да ги условуваат дејствијата на Израел.

Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва ги повикува сите страни во конфликтот на Блискиот Исток на воздржаност и ги осудува сите дејствија кои водат до цивилни жртви.

Слични содржини