Борел: Украина останува главен приоритет на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека Украина останува главен приоритет на Европската унија.

„Украина останува наш главен приоритет. Пакетот помош во вредност од 50 милијарди евра ќе овозможи одржлива финансиска поддршка од Европската унија“, рече Борел на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во Киев.

Тој додаде дека Украина мора да победи во војната против Русија.

Слични содржини